Охрид - Градот на светлината
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид.
Историја на градот Охрид
Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население, кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа.
Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори. Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.